И денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен, а во северните делови од северен правец. Кон крајот на денот северниот ветер долж Повардарието ќе засилува и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.



Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 39 Целзиусови степени, Маврово 32, Охрид 35, Битола 37, Крива Паланка 36, Берово 35, Кавадарци 41, Дојран 42.