Пратеничката група на СДСМ се потпишала на предлог за уште еден заменик претседател на Собранието кој треба да дојде од редовите на Алтернатива на Африм Гаши.
Предлогот доаѓа откако вчера спикерот на Собранието порача дека ќе распише предвремени избори поради немање на кворум во законодавниот дом.
Според предлогот што сега циркулира во Собранието проблемот вчера го направиле пратениците на Алтернатива кои не влегувале на пленарна седница се додека Собранието не го стави на дневен ред именувањето на нивни пратеник за заменик на Талат Џафери.
Потпретседателското место е договорено кога Алтернатива влезе во владата а функцијата треба да добие екс министерот за култура Хусни Исмаили.

Идниот потпретседател на Собранието и поранешен министер за култура Хусни Исмаили се соочува со кривична пријава за злоупотреба на службената положба.
Додека неговата партија Алтернатива го предлага за втор човек во парламентот, Антикорупциската комисија го товари дека го оштетил државниот буџет додека бил министер.
До јавното обвинителство е поднесена иницијатива за покренување кривична пријава поврзана со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес а буџетот е оштетен за околу 500 илјади евра.
Исмаили пак сега е пратеник и е еден од договорените функции меѓу старо новите коалициони партнери СДСМ, ДУИ и Алтернатива.





