Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд, јавува агенцијата „Макфакс“ која цитира извори во истрагата.
Според агенцијата се работи за 25 годишно машко лице, кое било осудено на 6 годишна казна затвор за трговија со наркотични средства.
Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.
Дваесет и осум годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи. Тој беше застрелан вчера напладне околу 18 часот пред влезот на неговата зграда во скопската наслеба Аеродром. Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.
Јанушев последно играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите Маџари Солидарност и 11 Октомври.





