Легендата вели медот е храна на боговите. Денеска е тешко да се замисли животот без мед. Тој е храна која може да го продолжи животниот век.
Неколку факти за медот:



Природна слатка течност која е направена од нектарот на цветовите, собран од пчелите.
Бојата, вкусот и слаткоста на медот зависи од кој тип цвеќе е собран.

Содржи преку 90 скапоцени состојки, меѓу кои најважни се етеричните масла, билните бои и киселините.
Здрава алтернатива на природниот шеќер.Добро затворен мед има неограничен рок на траење

Кристализацијата е нормален процес кој не влијае на неговиот квалитет. Ставете ја теглата во топла вода и повторно ќе добиете течен мед. На температура над 41 степени медот ги губи лековитите својства. Затоа внимавајте кога додавате мед .
медот

Медот пред сѐ претставува извор на енергија бидејќи е лесно се вари и се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите. Медот е одличен антиоксиданс. Трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓале поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува мед по втората година.
Ги олеснува симптомите на грип и настинка, болестите на респираторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото. Врз раните има дејство на антисептик, ја намалува болката, а исто така го извлекува отровот при убоди на инсекти. Ако се изгорите веднаш нанесете веднаш мед.

Така ќе спречите да се создаде меур, а кожата ќе ви зарасне без лузни. Облози од мед помагаат при кожни проблеми, како што е испукана кожа, осипи, јадеж. Медот помага и при тврда столица, гастритис, чир на желудникот Го подигнува нивото на железо и ги намалува маснотиите во крвта. Го прочистува телотоПознато е неговото благотворно дејство кај проблеми со очите, коњуктивит и др.