Бајден позитивен на коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на коронавирус, соопшти прес-службата на Белата куќа.



Дека Бајден е позитивен на САРС-КоВ-2 откриено е на на рутински тест за антиген соопшти Белата куќа во соопштението за печатот,а резултатот бил потврден со PCR.

Претседателот има благи симптоми, течење на носот, зголемен замор и сува кашлица од средата навечер, се вели во изјавата на лекарот, Кевин О’Конор. Тој препорача Бајден да се лекува со анти-COVID-19 лек Паксловид одобрен од Управата за храна и лекови.

Претседателот е целосно вакциниран со две бустер дози.

Џо Бајден ќе остане во карантин во Белата куќа и „ќе продолжи целосно да ги извршува сите свои должности во овој период“.

Заради транспарентност, Белата куќа секојдневно ќе известува за состојбата на претседателот.