Анастасовски: Бугарија е држава оболена од својот национализам

Мартин Анастасовски кој има диплома по политички науки и меѓународни односи и има работно искуство во приватната и невладината сфера како автор и преведувач, објавува кратка анализа на политичките но и лингвистички моменти кои ја дообјаснуваат бугарската шовинистичка позиција кон Македонија.



Анастасовски кој беше кандидат за советник на иницијативата Мој зелен град а кој има сертификати за решавање на конфликти и изучување на историјата и сегашноста преку анализа на споменици, смета дека Бугарија сака формално, пред цела Европа, да го претставува македонскиот јазик како бугарски.

,,Значи, не им е доволно што тоа го прават во нивната историографија, нивниот образовен систем, па мора така да биде и низ светот.

Бугарија може да вметнува ретки и архаични македонски зборови во нивниот речник, па дури и ретроградно да уфрла зборови на места каде што ги немало во одамна испечатени книги, но не може да им ги вметне во умот на луѓето таму.

Да си немаме никакви илузии. Kога можеле така безгрижно да ја бугаризираат сторијата за македонците што пееле песна за Александар Велики во бугарскиот превод (1968) на мемоарите на Барон Франсоа де Тот (1784), тогаш око нема да им трепне за се останато. До толку е оболена таа држава од нејзиниот методолошки национализам.

Што ни останува нам, на сите оние што се служиме или располагаме со македонскиот јазик?”, прашува Анастасовски реторички и веднаш одговара: Да го разбереме неговото потекло и разновидните влијанија што се отпечатувале низ вековите.

Според Анастасовски иако македонскиот јазик некако припаѓа на јужно словенската група јазици, во него има необични зборови што се кријат како дијалектизми и архаизми, кои можеби и не се користат во соседните земји, или пак зборови што имаат свои „близнаци“ во други, подалечни јазици.

Тој дава неколку интересни примери:

Ака – сроден со персиски „сак“ – талка

Куќа – сроден со арапски kukh – колиба

Матарка – сроден со санскрит mātṛkās – матрица, содржател

Двор – сроден со персиски darvar – градина

Бавча – сроден со персиски bāg̠ẖcha, веројатно преку турски bahce.

Не така мал број села во Македонија почнуваат или завршуваат со „вич“ – Радовиш, Вишне, Вичо, Урвич, Букович, Зович, итн.

Овој збор веројатно некогаш имал исто значење со англискиот збор wich (Norwich, Droitwich, Ipswich…) како и со латинското vīcus, што означува населено место.

Еден крајно необичен, архаичен македонски збор е „пала“ односно „пал“ што се однесува на поимите богатство и царство, но и среќа и спокој. Овој збор има свој близнак во јазикот санскрит, каде phala значи богатство, добивка, награда и грижа.

Во селата, оној што ги чувал полињата и воопшто имотот се нарекувал „падар“. Зборот е реконструиран како прото индо европски *potis што значи сопственик, сопруг. Во санскрит истиот поим е pati а на таџикски (иранска група) падар значи татко.

Серак е македонски архаизам и дијалектизам што означува долг стап што се користи за тресење ореви или потпирање стебла или ластари на домат, пипер, итн. Овој поим има близнак во јазикот санскрит каде sRka значи копје или дрво за стрела.

Крпач е стар збор што му претходел на зборот чевлар. На санскрит зборот kRti значи “работи“.

Албанскиот збор за камен „gur“ се содржи во неколку македонски зборови што му прилегаат на описот, но чудно е што овие зборови во албанскиот јазик се различни.

Гурелки – сува материја околу очите
Јагурина – тврдо, зелено грозје што нема да созрее
Лангур – каменеста почва
Згура – камени остатоци од топење руда
Гајгурови – „тестиси“ на Бошкачки – тајниот јазик на мајсторите ѕидари од денешна југозападна Македонија.

Ѕифт или Зифт – „катран“ црна боја. Сродно со албански zezë и zi – црно.

Лампада е атлетска игра што ја организирале античките македонци, наводно во чест на богот на лекувањето Асклепиј. Во играта тркачите подавале запален факел, што предлага дека зборот лампада и ламба делат ист корен, од каде што потекнува и зборот плам, односно пламен, а на англиски flame.