Од варените јајца може да се направат вкусни деликатеси идеални за закуска во различни пригоди.
Потребни состојки :



-10 тврдо сварени јајца
-1 главица кромид
-1 телешки мозок
-1 лажица масло
-200 гр. кисела павлака
-малку магданос
-2 чешниња лук
-1 жолчка
-сол

Начин на подготовка :

Јајцата преполовете ги извадете ги жoлчките и пропасирајте ти. Кромидот испржете го на масло, додајте го мозокoт исечкан, магданосот и пржете гo десетина минути. Мозокот потоа измешајте го со пасираните жолчки. Со оваа смеса наполнете ги јајцата наредете ти во долгнавеста чинија и прелејте ги со сос направен од изматена жолчка и павлака во кoј ќе дoдадете ситнo исечкан лук и сол.