Незгодни прашања до членовите на Европскиот парламент поставува македонскиот активист од Канада, а воедно и претседател на Македонското меѓународно движење на човекови права, Бил Николов.
До членовите на Европскиот Парламент: Oгромно мнозинство од вас не ги осудија Бугарија, Франција и ЕУ за нивните анти-македонски барања. ЗОШТО? Дали би се откажале од вашиот етнички идентитет и историја во полза на непријателот? Мислите дека Македонците се потрошна роба? #Македонија – напиша Николов на Твитер.




