Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија, вели академик Љупчо Коцарев, во анализа за „Нова Македонија“ што целосно треба да биде објавена утре.
Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документи, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија но не и Македонците. Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документи, Договорот и Спогодбата, Македонија всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и Пирин.
Затоа, во септември треба да почнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме заради неуките, недокваканите и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а интелектуалците треба да бидат предводници на овие промени – смета академик Коцарев.




