За некои Германци Меркел била виновна за енергетската криза

За многу Германци, поранешната канцеларка Ангела Меркел ја дели одговорноста за енергетската криза во Германија и Европа.



Истражувањето на институтот „ИНСА“ покажува дека 32 отсто сметаат дека Меркел треба да се извини за погрешната енергетска политика поради зависноста од рускиот гас.

Канцеларката, по катастрогфата во јапонската никлеарна централа „Фукушима“ побара гаснење на атомските централи и во Германија.

Германија ца гои гасне нуклеарните централи

Сега најголемо незадоволство има кај приврзаниците на десничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД) со 52 отсто и Зелените (34 отсто).

Од друга страна, 38 отсто од Германците велат дека Меркел не мора да се извинува.