„Албанските партии во с.Македонија, и во власта и во опозицијата, без двоумење гласаа за отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ. Овие партии беа единствени во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ. Албанските елити во с.Македонија немаа и немаат друга алтернатива, освен интеграцијата на државата во ЕУ. Поинаку мисли еден дел од македонското општество, кое зборува за ‘други алтернативи’.“ – вели д-р Салајдин Салиху, книжевник и професор по албанологија на Филолошкиот факултет на државниот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Веста на надежта“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.
Салиху пишува: „За Албанците европскиот идентитет е спојлив со албанскиот идентитет, претставува надополнување кон него. Оваа дефиниција се обликувала низ вековите, особено за време на Албанската национална ренесанса…
„Кога минатата недела уште еден ‘воз на историјата’ мина низ Западниот Балкан, за среќа, и покрај многуте пречки, овој пат лидерите беа на станицата… Албанија и с.Македонија не дозволија ‘возот на историјата’ да им избега. Веднаш дојде добрата вест од Брисел: ‘Се отвораат преговори за членство во ЕУ за двете балкански држави.’ Тие се сега се поблиску до Обединета Европа, поблиску до остварување на сонот од минатото. Оваа одлука е и во корист на Европа. Особено во време кога Русија го наруши европскиот мир.“
„Досегашното искуство докажува дека државите со ваков статус имаат корист од европските фондови, оти привлекле странски инвестиции и дека бележат значително подобрување на животниот стандард на граѓаните. За да ги користат тие привилегии, двете земји мора отсега натаму по секоја цена да ги штитат основните европски вредности: зачувување на мирот, слободата, демократијата, почитувањето на човековите права и слободи, како и владеењето на правото.“
„За да се придвижат процесите напред, потребна е нова визија и да се исклучи провинциската логика во политичкото одлучување. Во спротивно може повторно да бидеме извадени од ‘возот на историјата’.“





