По десетдневниот ремонт, гасоводот Северен тек 1, е одново во функција и низ него се испорачува гас во Германија.



„Тргна“, изјави кусо изутринава за агенцијата АФП портпарол на компанијата Северен тек АГ, без да прецизира колкави количества гас се транспортираат.

Шефот на германската Агенција за електрична енергија, гас, телекомуникации и железници, Клаус Милер, на Твитер напиша дека од руска страна најавеното количество е околу 30% од вкупниот капацитет.

Најавеното количество е обврзувачко за првите два часа, а промени во текот на денот би биле „многу невообичаени“, оцени Милер.

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот (19.07) изјави дека Газпром ќе ги исполни своите обврски.

Но, се закани со намалување на количеството гас доколку турбината, која беше на поправка во Канада, не пристигне во Русија, ќе може да се лиферуваат само 30 милиони кубни метри гас дневно.Д.В.