Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси му порачала на државниот секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот — или Конгресот ќе го направи тоа, дознава Политико од два извори запознаени со разговорот на Палоси и Блинкен..
Портпаролите на Стејт департментот и канцеларијата на Пелоси одбија да коментираат.



Конгресот му даде на државниот секретар овластување да определи земја како државен спонзор на тероризмот.

„Нема правна причина зошто Конгресот не може да усвои легислатива што практично ќе ја назначи Русија како државен спонзор на тероризмот“, рече соработник на демократите.

„Да се ​​усвои легислативата од Конгресот е очигледно покомплициран пат од она што може да го направи државниот секретар, но на администрацијата ќе и даде политичка основа што ѝ е потребна за ескалација на економскиот притисок и реториката против Путин“.