Министерот за здравство, Беким Сали, на денешната прес-конференција во врска со случаите од болница „Жан Митрев” рече дека како човек, доктор и професионалец чувствувал длабока одговорност и бил решен е овој случај да оди до крај, пренесува МКД.Мк.



Обвинителството отвори предмет по сторијата на ИРЛ за „Жан Митрев“

„За 3 години Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направил 45 редовни и 55 вонредни во 12 приватни болници.

Во Жан Митрев спроведени се 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори.

Во мометов е во тек работен состанок во МАЛМЕД со стручната служба и лица од Жан Митрев за тоа дека се вршеле клинички испитувања врз пациенти.

„Како човек, доктор и професионалец чувствувам длабока одговорност и решен сум да оди овој случај до крај. Мора да има систем што функционира и ги заштитува граѓаните”, рече Сали.