Русија се подготвуваРусија прави планови за анексија на повеќе делови од Украина, по формулата што ја користеше при анексијата на Крим во 2014 година за да заземе територија, соопшти во вторникот Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.
По анецијата Москва намерава да назначи нелегитимни и функционери што ѝ се блиски во подрачјата под своја контрола.
Портпаролот на Националниот совет за безбедност, Џон Кирби на брифинг за новинари го откри она што го нарече американски разузнавачки податоци.
Според неговите зборови, Русија се подготвува и да ја воведе рубљата како валута и да го принуди населението да поднесе барање за државјанство. Како што тој додаде, Русија се обидува и да преземе контрола врз ТВ-репетитори.
Кирби информираше и дека САД во следните денови ќе најават нов пакет оружје за Украина, што се бори со руските сили во источниот дел на земјата. Тоа би бил шеснаесетти пакет по ред.







