И Пендаровски честиташе старт на преговорите со ЕУ иако…

Шефот на државата, денеска на социјалните мрежи сподели честитка до граѓаните на Македонија за „официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ“.



Претседателот Стево Пендаровски вели дека и покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда.

Пендаровски: Ако Македонија не признае дека Делчев е Бугарин,следува ново вето

„Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата.

Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори. Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција. Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина, сподели претседателот Пендаровски на Фејсбук.