Триесет месеци по Заев Ковачевски повторно почнува преговори со ЕУ

Откако еднаш пред речиси 30 месеци тогаш како заменик министер за финансии почна преговори со ЕУ, денеска премиерот Ковачевски повторно објави започнување на преговори со унијата.



Според Ковачевски и Заев Макеоднија по неколкуте добиени лажни датуми е единствената земја во Европа која два пати почнала преговори со ЕУ.

Еднаш во март 2020 а еднаш денеска.

,,Денес конечно, по 17 години чекање ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство.

Искрено се радувам, заедно со граѓаните на ова денешно добредојде од Европската Унија”, пишува Ковачевски не наведувајќи за која држава се работи и чии граѓани почнуваат преговори.

Пред 29 месеци и Заев и владата во која беше Ковачевски објавија почеток на преговори.