„Министерството за надворешни работи го објави билатералниот протокол што во Софија го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Кои се клучните точки од протоколот, што Македонија се обврзува дека ќе ги исполни?“ – пишува весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска информација со наслов „Какви обврски и наметнува протoколот на Македонија?“
Весникот ја пренесува содржината на протоколот, во кој, покрај другото, се набележани и следниве обврски на Македонија како држава: „Република Бугарија изјавува подготвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина конференција на ЕУ и Република Северна Македонија откако с.Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ.“
Промена на содржини во македонските учебници
„Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на Република Северна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието, науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави. Владата на Република Северна Македонија до почетокот на учебната година 2023-2024 да ја промени содржината на учебникот по географија за седмо одделение, заради неосновани етнички/територијални претензии, и да бидат извадени од образовните програми и нивната содржина да биде променета.“
„Отворање на архивите на безбедносните служби, полицијата и на военото разузнавање“
„Владата на с.Македонија, во рок од една година, да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 г. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи.“
…





