Стравично: Македонска клиника експериментирала со пациенти, се уште никој не е уапсен

Повеќе од 16 часа откако е објавена сторијата за пациенти болни од Ковид кои се користеле како експериментални заморчиња никој не е уапсен ниту е повикан во полиција или јавното обвинителство.



Молчат и здравствените власти кои дозволиле да се случуваат овие настани.

На пациентите им се наплаќале и дебели пари без да се известат дека се дел од експеримент се вели во последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) каде тема на истрага е една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев.

Истражувањето се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражувале и верификувале повеќе од 22 месеци.

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата.

Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од три до пет илјади евра бил одобрен за Ковид лекување и други контроверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката можете да ги проследите во најновото истражување на ИРЛ?

ИРЛ разоткрива и дека Жан Митрев е лажен академик, а голем дел од признанијата со кои се фали, може да се купат за пари!

Дополнување:

По силните реакции во јавноста јавното обвинителство отвори истрага

Обвинителството отвори предмет по сторијата на ИРЛ за „Жан Митрев“