Маричиќ: Нема „бугаризација“, но има преговори со ЕУ – веднаш

„Нема никаква шанса за асимилација, бугаризација ниту пак територијална претензија. Напротив добивме еден европски предлог кој овозможува да ги започнеме преговорите со Унијата веднаш, со заштитен македонски јазик и идентитет, а истовремено имаме и компромисен документ кој ќе ни овозможи, во веќе утврдена рамка на обврски за двете страни, побрзо да ги надминеме отворените прашања со Бугарија“, вели Бојан Маричиќ во интервјуто за српска „Политика“.



Тој додаде дека нема страв ниту за територијалниот интегритет на Северна Македонија, бидејќи европскиот предлог овозможува веднаш да започнат преговорите со ЕУ, притоа штитејќи го македонскиот јазик и идентитет.

На потсетување на „Политика“ дека ветувања за почеток на преговорите добиле уште кога е усвоен Договорот од Преспа, Маричиќ рече дека политиката е непредвидлива и дека никој не може да гарантира дека некоја друга земја нема да ја блокира Македонија за некое друго прашање.

„Јасни се правилата на функционирање на Унијата и на текот на процесот интеграција во Европската Унија и никој не може да гарантира дека во текот на преговорите некоја друга земја нема да нè блокира за некое друго прашање.

Но, како општество сме доволно зрели да знаеме да процениме какви одлуки мора да се донесат, кога се во прашање нашите интереси и кога компромисите се неопходни“,вели Маричиќ.

Тој ги негираше мислењата дека Македонија е марионета водена од различни политички ветришта.

Маричиќ додава дека иако нашиот пат кон Брисел беше тежок и пол препреки и предизвици успеа да ја потврдi европската иднина на земјата, донесувајќи историска одлука со која Македонија ја започнува трката за членство во Европската Унија, и заедно со Србија и Црна Гора стануваме држава која преговара.