Пратеникот Љупчо Пренџов го открива првиот чекор во сокривање на историските факти по бугарски диктат.
Тој објавува дека барањето на Бугарија за учебникот по историја од седмо одделение содржи бугарска агенда со која треба да излезе дека Бугарија не окупирала македонска туку бугарска територија.
,,✅ 1913 година со Букурешкиот мировен договор, Македонија е поделена помеѓу победничките сили во Балканските војни:
-Србија 38,6%
-Грција 50.3%
-Бугарија 9.9%
-Албанија 1.2%
👉 Што е тука погрешно од учебникот за 7мо одделение по географија⁉️
‼️ Овој дел согласно “протоколот” ќе мораме да го сокриме и избришеме од нашите учебници по географија за 7мо одделение.
⁉️ Ќе ја криеме ли историјата од нашите деца?”, пишува Пренџов кој го користи хаштагот:
#НеЗаБугаризацијаДаЗаЕвропеизација






