Знаеме дека на Бујар Османи не му е гајле што лаже за објавување на Протоколот. На неговото гласачко тело ама баш му е гајле што ќе треба да отстапиме ние Македонците, пишува долгогодишниот новинар за повеќе македонски медиуми Горан Теменугов.
,,Ама се прашувам, што ли мислат во СДСМ. Дека сме идиоти и дека некогаш ќе ја заборавиме оваа лага, шарада, навредување на нашата интелегенција со ветувањата дека ќе го објават протоколот. Ова е резил и понижување на сите нас кои имаме разум”, смета Теменугов кој сега работи за Истражувачката новинарска лабораторија ИРЛ.

Тој упатува порака до сите луѓе блиски на СДСМ и ДУИ дека секој обид за релативизирање на срамот на Османи и на Владата, автоматски значи и бришење на нивниот пост и блокирање на ФБ.
,,Едноставно, мој Фејсбук, мое правило да не дозволувам навреда на мојот здрав разум”, порачува Теменугов.





