Последниве години, пристапување во ЕУ ја загуби својата трансформативна моќ. Едноставно веќе не е важно дали некоја земја е надвор од процесот, кандидат или преговара. Сите држави од Западен Балкан се заглавени. Македонија преговара како да се мрдне едно седиште понапред во автобус што не оди никаде.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го посети Скопје и на членовите на парламентот им кажа: „Ве сакаме во ЕУ“. 17 години откако Македонија беше прогласена за официјален кандидат за членство во ЕУ, објасни таа, дошол моментот да се направи вистински напредок. А неодамнешниот француски предлог нудел начин за конечно започнување на пристапните преговори. Рускиот поет Иван Крилов еднаш напиша басна за човек кој оди во музеј, забележува секакви ситни нешта, но не забележува слон. „Слонот во собата“ оттогаш се користи да се опишат големи прашања за кои сите знаат, но за кои никој не сака отворено да разговара. Додека зборуваше Фон дер Лајен, покрај неа во македонското Собрание имаше два такви слона.
Линк до целиот текст.







