Насмеаниот Пендаровски прими жени претприемачки во претседателската резиденција во Охрид

Нецели 24 часа откако собранието донесе одлука за прифаќање на бугарските барања
претседателот во весела атмосфера бил домаќин на посета на „Вила Билјана“ во Охрид од претставнички од Националната платформа на женско претприемништво и претприемачки.



Гостинките учествувале на базар во рамки на финалната конференција „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, по што дошле и во неговата резиденција.

,,Како дел од #ОтворенКабинет посетителите имаа можност да ги видат просториите во кои се одвиваат официјални и работни средби и да се запознаат со работата и ингеренциите на претседателот”, пишува насмеаниот претседател во објавата од настанот.

Пендаровски денеска е во Галичник каде е покровител на Галичка свадба.