Членови на бугарското ВМРО-БНД предводени од двајца од копретседателите Ангел Џамбазки и Александар Сиди, денеска протестираа пред бугарското МНР.
Протестот се одржа под мотото „Не ја предавајте Македонија!“ за време додека министерите Теодора Генчовска и Бујар Османиго потпишуваа протоколот за спроведување на Договорот за пријателство меѓу двете земји по оддржаната меѓувладина конференција.







