Бугарското национално радио (БНР) открива дека содржината на протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство што денеска го потпишаа министерите Теодора Генчовска и Бујар Османи, ќе биде биде објавена во наредните денови, најверојатно по утрешната средба на амбасадорите во ЕУ во Брисел.
Познато е дека документот е на најмалку 10 страници и содржи конкретни мерки и рокови за обете страни.
„Неофицијално се дознава – јави БНР – дека во рок од 2 години треба да се евидентираат промени во учебниците и плочите на спомениците според веќе постигнатите договори во билатералната историска комисија за Свети Наум, Свети Климент, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил, во рок од една година доколку се постигнува договор за периодот на средниот век.
Оваа и следната година треба да има заеднички комеморации на историски личности и настани договорени од Заедничката историска комисија.
Во 2024 година мора да се преговара за наставните програми по произнесувањето на комисијата за историски прашања, а Бугарите да се вклучат во Уставот на РСМ како рамноправен народ.
Мора да има рехабилитација на жртвите на југо-режимот и отворање на архивите на тајните служби.
Дури по уставните измени, Скопје ќе може да ги почне преговорите за членство во ЕУ“.
Османи со денови ја уверуваше вознемирената македонската јавност дека протоколот ќе биде објавен и дебатиран пред да биде потпишан, но тоа не го направи. Денеска од МНР беше потенцирано дека протоколот ќе се објави по неговото потпишување.






