Во Софија потпишан протоколот, се чека негово објавување

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска во Софија денеска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. 



Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија и потпишувањето на протоколот доаѓа откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.