Денеска во Софија ќе се одржи вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија на Република Бугарија и Република Македонија, јави БНТ наведувајќи дека шефовите на дипломатиите, Теодора Генчовска и Бујар Османи, ќе го потпишат протоколот меѓу двете министерства.
„Во рамки на средбата ќе се направи преглед на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ќе се договорат мерки за негово ефикасно спроведување во следниот период. За таа цел ќе биде потпишал протокол помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Теодора Генчовска и Бујар Османи“, дознава БНТ.
Потпишувањето на протоколот, документ кој се држрше во тајност е предвидено за 10 часот по бугарско време во Софија.
Ова следува откако вчера, по тридневна тензична расправа, македонското Собрание усвои заклучоци по однос на францускиот предлог, по што Владата на седница донесе одлука дека го прифаќа предлогот за кревање на бугарското вето изработен од француското претседателство со ЕУ.
Протоколот се состои од неколку точки, од кои првата е преглед на постигнатото, односно преглед на политички дијалог, што подразбира колку средби имало од 2019 година, на ниво на премиери, на ниво на министри итн., како и преглед на секторската соработка. Во него се содржани и точките од пакетот, односно темата историја, рехабилитација на жртвите на репресијата од комунистичкиот режим, говор на омраза, права на бугарска заедница и почеток на преговори, како и прашањето за потпишување на договорот со ФРОНТЕКС.
За ФРОНТЕКС, како што велат дипломатски извори, тоа ќе биде првиот договор во историјата на Република Северна Македонија со чист македонски јазик.
За евентуална промена на содржината во некои од учебниците ќе се разговара откако би се добиле насоки од Мешовитата историска комисија.
Отворањето на Уставот со цел впишување на Бугарите останува услов за отворање на поглавја од преговорите со ЕУ.
Потпишувањето на протоколот, е во пресрет и на првата меѓувладина конференција за отворање на преговорите со ЕУ, која премиерот Димитар Ковачевски, најави дека ќе се одржи во вторник (19 јули).






