Заврши апсурдната ситуација со „заложништвото“ на Албанија. Преговорите за членство на Албанија во Европската унија (ЕУ) немаат пречки! – напиша на Фејсбук албанскиот премиер Еди Рама по гласањето во македонското собрание за францускиот предлог за членство во ЕУ.
Поминаа 3 тешки години од одлуката на Европскиот совет да го отвори патот за преговори за целосно отстранување на сетот вештачки пречки кои беа поставени пред Албанија, напиша Рама.
Сега , тој е уверен дека Тирана е на пат да ги надмине предизвиците од последните години.
„Но, да не заборавиме, ова не е крајот на нашето патување, туку само почеток на нов дел од патот кон Албанија, кој го сакаме“, појасни премиерот.
Македонското Собрание вчера го изгласа т.н „Француски предлог“ за почеток на преговори за членство на земјата во Европската унија. Предлогот беше поддржан од 68 народни претставници. Во пленарната сала беа присутни 69 од вкупно 120 пратеници.
Премиерот Рама на крајот на јуни упати остри изјави кон Бугарија во врска со ветото наметнато за членството на Скопје во ЕУ.
„Бугарија можеше да се однесува поевропски“, рече тогаш Рама ги обвини бугарските власти дека ја држат Македонија како заложник.
На критиките на од бугарските власти по неговите изјави, тој одговори:
„Вие имате проблем со мојот начин на изразување, јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања. Или тргнете го ветото или ќе ме толерирате“, изјави Рама.







