Даскаловски: Замислете ЕУ да ја поддржи Путиновата визија за Украина како што ја прифати бугарската за македонскиот идентитет

Професорот по геостратегија Жидас Даскаловски го споредува односот на ЕУ кон бугарските барања кон Македонија кои денеска минаа во Собранието со руската агресија во Украина.



Тој македонската приказна ја споредува со замислена одлука на ЕУ да донесе одлука за поддршка на Киев да прифати руска агресија врз украинскиот идентитет и атак на украинскиот јазик.

,,Замислете дека ЕУ ја поддржува владата во Киев која ја прифаќа Путиново-руската визија за украинската историја и идентитет. Ова е она што ЕУ го поддржува во францускиот предлог за македонско-бугарските односи”, пишува Даскаловски.