Над еден милион „мигранти“ бараат азил во Германија

Околу 1,6 милиони луѓе побарале азил во последните две години, соопшти Федералниот институт за статистика на Германија.
Според официјалните бројки, до крајот на 2016 година биле регистрирани 1,6 милиони бегалци, додека на крајот на 2014 година имало 851.000 лица.
Повеќето од нив дојдоа од Сирија, Авганистан и Ирак, објави Ројтерс.
Станува збор за странци кои имаат дозвола за престој во Германија од хуманитарни причини, баратели на кои почнале процедура за добивање азил, лица со статус на бегалец или и оние на кои им е одбиен азил но се уште се наоѓаат во земјата.
Повеќе од половина од 1,6 милиони странци добиле дозвола да останат во Германија кон крајот на минатата година, додека 158.000 баратели на азил биле одбиени.
„Билд“ наведува дека 30.000 лица на кои им е одбиен азил исчезнале и дека германските власти не знаат каде се.