Во 11 часот денеска треба да продолжи расправата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.
Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка и да усвои заклучоци.
И денеска се очекува да продолжат протестите пред Собранието…







