Бил Гејтс најави дека најголемиот дел од своето лично богатство ќе го донира во добротворни цели.
Според индексот на милијардери на Блумберг, на почетокот на 2021 година, Бил Гејтс беше на листата на четвртата најбогата личност во светот.
Најголемиот дел од неговото богатство ќе го префрли во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која ја основаше во 2000 година.
„Што се однесува до иднината, имам намера да го донирам буквално целиот мој имот на фондацијата. Ќе одам сè подолу и подолу во рангирањето на најбогатите луѓе во светот, додека не излезам целосно од листата. Верувам дека имам морална обврска да ги вратам моите ресурси, со цел да се осигурам дека тоа може да има важно влијание, намалувајќи го страдањето и подобрување на животот на луѓето“ , бјави Гејтс.
Објавувајќи дека сака да ги донира своите средства, Бил Гејтс потоа ги покани и другите милијардери да го сторат истото.






