Владата во јавна војна со Брисел: Портпаролка на ЕУ ги вознемирила македонските граѓани

Преку својот функционер Марјан Забрчанец
владата на СДСМ и ДУИ влезе во отворена медиумска војна со Европската Унија.



Откако портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска изјави дека ЕУ не го признава македонскиот јазик туку зборува за јазик кој го говорат граѓаните на Република Северна Македонија влада го нападна Брисел дека однтсму бил направен гаф.

Забрчанец кој беше главниот шеф на владината пропаганда во времето на Заев а сега фигурира како национален координатор за Отворен бара ЕУ да ја казни портпаролката Спинант.

,,Крајноо непрофесионален гаф на портпаролката на ЕК со кој предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ и кај сите граѓани на државава.
Европската Комисија мора веднаш да се коригира после ваквите изнесени невистини и да преземе мерки против ваквото неодговорно однесување на портпаролка која неподготвена излегла да зборува спротивно од фактите и спротивно од нејзината претпоставена”, пишува Забрчанец откако со изјавата на портпаролката во Брисел на сите им стана јасно дека СДСМ и ДУИ не ја кажуваат вистината за признавањето на македонскиот јазик од страна на ЕУ во преговарачката рамка.