Експретседателски советник ги „советува“ и Македонците да „спуштат опаш“, да „не прават лудило“, туку „да ја прифатат поканата за ЕУ“!

„Наместо да правиме лудило во внатрешно-политичките текови во земјата, треба да се спушти опашот и без двоумење да се прифати поканата за влез во ЕУ. Мораме да прифатиме дека ние немаме никаква сила и влијание во политичките текови во Балканот и во светот.“ – вели Ејуп Бериша, поранешен политички советник на еден од поранешните претседатели на Македонија, во својата колумна, која ја објави информативниот портал „Алмакос“.

Покрај другото, Бериша пишува: „Некои евроскептици во Скопје се противат на европскиот договор, велејќи дека тоа влијае врз јазикот, идентитетот, како и историските и културните особености на Македонците. Урсула фон дер Лаен, како највисок претставник на ЕУ, пред најшироката јавност во Македонија за време на својот говор во републичкото Собрание даде сериозни и убедливи гаранции дека договорот не оспорува ниедно прашање, што ги загрижува опозициските партии и другите евроскептици во с.Македонија.“

„Ние сме првата земја, во која доаѓа највисок претставник на Европската унија и дава гаранции за влез во ЕУ без страв и грижа. Но залудно: таа беше пречекана со протести и жестоко противење организирано од опозициските партии и некои граѓански организации. Хахахаха, колку е смешно! Европската Унија преку својот највисок претставник дојдена во с.Македонија, не кани, велејќи: ‘Повелете, зачленете се во ЕУ’, но некои од оние европротивници, кои што протестираат во Собранието и надвор од него, на Урсула фон дер Лаен и велат: ‘Не, никако!“

„Не треба да им се каже ‘не’ на можностите и убавите работи, што можат да ни се случат во животот. Една таква убава работа е можноста, која што ни се дава сега конечно да станеме дел од ЕУ. Оваа можност не треба да се изгуби никако, туку треба да се искористи, за да станеме веднаш дел на големото европско семејство.“



„Секој треба да си ја знае својата сила и ситуација, во која се наоѓа. Знае ли некој кои сме навистина ние овде во с.Македонија и колкава вистинска моќ и влијание имаме во политичките текови во регионот и во светот? Мораме да прифатиме дека ние немаме никаква сила и влијание во политичките текови во Балканот и во светот.“

„Ние само лудило правиме во внатрешно-политичките текови во земјата, затоа што политиката кај нас е неконтролирана и неограничена, зборувам за институционални контроли и ограничувања. Значи, треба да се спушти опашот и без двоумење да се прифати поканата да се биде дел на ЕУ, бидејќи само таму ќе бидеме повлијателни, посилни и поконсолидирани.“