Нема никакви гаранции дека и покрај направените концесии, државата Македонија ќе стане членка на Европската унија, рече пратеникот Антонио Милошоски во своето обраќање во Собранието а по однос на францускиот предлог.
„Недозволиво е внесување на механизам за следење или спроведување на преговорите поврзани со протоколот, со заедничката историја, преговарачката рамка или заедничките извештаи. Во ваков случај, тој механизам би станал услов за текот на преговорите и процесот во диктат од едната страна, за нејзини важни политички или историски прашања и би го засенил процесот на европеизација и стандарди за кои вие тврдите дека се залагатеР вели Милошоски.
Вашето фотографирање во Брисел, ќе биде слично на фотографирањето што го имавте со вашиот колега Никола Димитров, Зоран Заев и Кочо Анѓушев.
Милошоски рече дека Македонија прави преседан бидејќи во воведната изјава на ЕУ за преговорите за пристапување, јасно стои започнување на првата фаза од преговорите за пристапување и ниедна друга држава, ниту Албанија, ниту Србија, ниту Бугарија, ниту Хрватска итн, немале прва и втора фаза. Има почеток или непочеток на преговорите.






