Падна „крофна мафијата“ во Грција

Грчката полиција ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „мафија за крофни“, која дејствувала на плажите на Халкидики.



Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата, 39-годишен Грк, јавуваат грчките медиуми.

Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, кршење на законите поврзани со спречување и сузбивање на перење пари и кршење на Законот за оружје, пренесува Voria.gr.

Оваа група ги принудувала странците да продаваат крофни во нивно име на 19 плажи на Халкидики.

Со закани по живот, телесни казни, а минатата година застрелаа еден продавач, успеаја да растурат и други продавачи на брза храна по плажите, но уценуваа и изнудуваа барови на плажа и ресторани за брза храна.

Целта беше да се окупираат најпопуларните плажи на Халкидики, што ќе им донесе најголем профит.