Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова не знае кои се луѓето во парламентот на кои им се гледа оружјето што го носат а не се дел од собраниските обезбедување.
Таа е вџашена што најверојатно МВР на Оливер Спасовски во Собранието испратило повеќе полицајци од пратеници.
,,Само во полициска држава има повеќе полицајци од пратеници. Не се од собраниското обезбедување. Им се гледаат пиштолите. Небаре на полициска вежба сме, а не во домот на демократијата. Не знаев дека ние, претставниците на народот сме закана за власта!”, објави Силјановска.






