Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира дали ќе има проширување на сегашните анти-ковид мерки.
Засега, задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, домовите за стари лица и лица со попреченост.
Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот која можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против ковид-19.
Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“.
Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.






