Италија: Паѓа владата на Марио Драги

Италијанскиот премиер Марио Драги ќе поднесе оставка, пренесе АП.



Ова се случува неколку часа откако нејзиниот популистички коалициски партнер „Пет ѕвезди“ одби да го поддржи владиниот пакет економска помош од 23 милијарди евра за семејствата и бизнисите, тврдејќи дека Драги не прави доволно за да се справи со кризата со трошоците за живот.

Поранешниот шеф на Европската централна банка ја предводеше владата на единството од февруари 2021 година.

Во изјавата, тој рече дека пактот за доверба што ја одржуваше владата на единството исчезна.

Вечерва ќе му ја врачам оставката на претседателот на Републиката“, изјави Марио Драги.

Поранешниот шеф на Европската централна банка Драги е на чело на коалицијата од февруари 2021 година.

Претседателот Серџо Матарела, ќе треба да одлучи како да излезе од кризата. Тој може да побара од Драги да се обиде да го врати неговиот кабинет со уште едно гласање доверба.