Вкупно четворица уапсени на протестите пред Собранието

Вкупно четири лица се приведени на денешниот протест „Ултиматум – Не благодарам“. Според информации на „360 Степени“, приведените фрлале тврди предмети кон полицискиот кордон.



Претходно, извори од МВР рекоа дека приведени се две лица, но во меѓувреме нивниот број е зголемен на четири.

Додека пред Собранието траеше протестот, во Законодавниот дом пред пратениците се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.