Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук таксативно ги набројува , според него, „придобивките“ од досегашните месец дена европска патека:
нарушени меѓуетнички односи;
поделено општество како никогаш до сега;
повици за линч и политичко насилство;
монтирани инциденти за нарушување на слобода на протест;
нееднаков третман на граѓаните од државните органи;
нарушување на слободата на мисла и говор со пријави за “говор на омраза”;
македонски јазик унилатерално запишан во записник на ЕУ како дијалект на бугарскиот јазик;
историска комисија за редефинирање како обврска на патот кон ЕУ;
споделени и рецензирани учебници со Бугарија;
рецензија врз државната поддршка на културата и творештвото во Македонија;
табли, написи и ознаки на историски личности, настани и места рецензирани од Бугарија; уставна нееднаквост и потчинетост на Македонците;
закани од лидер на владина партија кон Македонците;
прекршена резолуција на Собранието на Република Македонија….
Ова се факти, а вие радувајте се на зборови…, пишува Димовски на Фејсбук.






