Во получасовно обраќање пред Собранието, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајенкажа дека македонскиот јазик во пристапните преговори со ЕУ останува македонски, идентитетот нема да се чепка, а историските прашања нема да бидат услов во преговорите.
„Нема сомнение дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот француски предлог стои:
‘Ваш јазик, без никакви додавки!’ (долг аплауз). Вашиот национален идентитет е почитуван. Можете да сметате на мене, процесот на пристапни преговори строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди.
Но, добрососедските односи се ДНК на европската интеграција. Сепак, прашањата за историјата не се услов во преговорите“, кажа Фон дер Лајен и пак стана пола сала.
аа кажа дека сака од неа да чујат граѓаните на Северна Македонија дека Европа ги чека.
„Европа не е целосна без Република Северна Македонија“, рече Фон дер Лајен.
Кажа дека по Преспанскиот договор дури и таа била исфрустрирана што Македонија пак не ги почна пристапните преговори со ЕУ.
„Вие по Преспанскиот договор станавте членка на НАТО. Вие сте вистинска додадена вредност за алијансата, тоа ќе бидете и за ЕУ, кога ќе станете членка“, продолжи таа.
Рече дека и покрај фрустрациите, Македонија никогаш не се откажаа од патот кон ЕУ, но и Европа не се откажала од земјава.
„Ние овој сон заедно ќе го оствариме. Тоа можете да го направите веќе следната седница, со преземање на ревидираниот француски предлог, кој ги штити вашите интереси и ги зема предвид интересите на другите страни. Но, одлуката е ваша и само ваша. На крајот на краиштата, станува збор за патот што вие го одбравте. Ако одлучите да го прифатите францускиот предлог, во наредните денови ќе се одржи меѓувладина конференција, а ние веднаш ќе го почнеме скринингот. Со задоволство ќе го пречекаме вашиот преговарачки тим во Брисел”, кажа претседателката на Европската комисија.






