Ова за „Известија“ го соопшти претседателот на Меѓународниот форум на организацијата, Пурнима Ананд.
Таа прецизираше дека одлуката за прием на некои од земјите може да биде донесена на следниот самит на БРИКС во 2023 година.
Oрганизацијата, која ги вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, разговарала за можните нови земји-членки на нејзиниот најнов самит, одржан на 23 и 24 јуни во Пекинг.
„Сите овие земји покажаа интерес за приклучување и се подготвуваат да аплицираат за членство. Мислам дека ова е добар чекор, бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно и ќе го зајакне влијанието на БРИКС во светот“.
Таа се надева дека ќе го стори тоа „многу брзо“ бидејќи сите претставници на јадрото на БРИКС се заинтересирани за проширување.
Претходно за членство во организацијата аплицираа и Иран и Аргентина.





