Стоиљковиќ: Историјата се повторува, но овој пат како фарса

„Додека се спремам да тргнам на денешнава собраниска фарса, која деловнички ништо не значи во материјална смисла на зборот и каде е доволен само 41 глас да одглумат као кобајаги демократија и не знам што уште, ми паѓа на памет дека деновиве кои поминаа и кои доаѓаат во иднина ќе се раскажуваат како денови во кои “црвената олигархија” т.е. носителите на комунистичката власт и нивните деца и носителите на капиталот кој го контролираат комунистичките наследници и нивните деца во соработка со наследниците на Енвер Хоџа – марксисти ленинисти, подоцна терористи, сега врли демократи после 81 година се обидуваат Македонија да ја вратат во 1941 кога нели “адмистраторите” т.е. бугарскиот фашистички окупатот си ги зазеде своите позиции во Македонија.



Историјата се повторува, но овој пат како фарса!

Џабе кречите, џабе се глупирате и џабе одите против вољата на народот, но Вие си знаете! Урсула Дон Лајен дојде и ќе замине, сите ние ќе останеме тука, никој нема да ги решава нашите маки и проблеми, освен ние самите.

Да ве потсетам дека немате, ниту пак ќе имате двотретинско мнозинство, така да тука каде што почнувате тука и ќе завршите.

Среќна новата 1941 година во дваесет и првиот век!“ – сподели пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ на Фејсбук.