Професорката Мирјана Најчевска вели дека францусиот предлог, кој ќе се најде на денешната седница пред пратениците, во ваква форма и полн со „стапици“ е неприфатлив.
„Да сум пратеник јас денес би гласала НЕ за францускиот предлог ваков каков што е и со стапиците кои ги содржи, а кои индицираат идни проблеми во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.
Можат да се направат измени кои би биле апсолутно прифатливи.
И не се многу. Ама се суштински“, вели Најчевска.






