Американската пејачка ќе го позајми гласот во новата верзија на The Lion King кое ќе се снима во студиото на Дизни.
Бијонсе Ноулс ги потврди гласините за добиената улога со објавувањето на веста на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Претходно беше најавено дека актерот Доналд Гловер ја добил улога на Симба, а Бијонсе го потврдила и ова, и открила дека Киган Мајкл Кеј ќе ја глуми хиената Камари.
„Кралот на Лавовите“ е еден од најпознатите и најуспешните анимирани филмови на сите времиња. Тој исто така има освоено Оскар за песната “Можеш ли да почувствуваш љубовна вечер” од Елтон Џон и Тим Ридл, како и два Греми награди.




