Шести ден продолжува потрагата по 31-годишниот, Мартин Јовановски кој се води за исчезнат од саботата.
Според грчки медиуми , во истрагата ќе учествуваат неколку пловни објекти на Грчката крајбрежна стража , хеликоптер, како и копнено возило и волонтери од локалното население.
Во претходните денови со подводен дрон се пребаруваше морското дно во регионот на исчезнувањето, а дронови од воздух ги пребаруваа непристапните терени. Вчера и куче трагач беше вклучено во спасувачка мисија, но немаше резултати потрагата.
Воедно, се посочува дека македонските дипломати во Солун и Атина „остануваат во интензивен контакт со надлежните органи на Грција и семејството на исчезнатото лице и секоја информација ќе биде навремено пренесена“, се наведува во соопштението на македонското МНР.
Исто така апел за собирање финансиска помош упати Иван, пријателот на Мартин кој беше спасен по 19 часа поминати во вода. Тој отвори сметка за донации за поддршка на потрагата по 31-годишниот пријател, а апел граѓаните да помогнат вчера упати и неговиот брат Горан преку социјалните мрежи.







