Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски повика на протест против францускиот предлог за бугаризација на Македонија за утревечер од 19:30 часот во центарот на градот-херој, кој даде осум народни херои во антифашистичката епопеја во Втората светска војна.
„Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас!
– УТРЕ КУМАНОВО ЌЕ МАРШИРА!
– Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци, кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило…
Ве повикувам сите драги мои КУМАНОВЦИ, без разлика на нација, вера и определба, да излеземе сите во 19:30 ч. утре (четврток) во центарот на градот (улица ‘Ленинова’) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени.-
СЕ ГЛЕДАМЕ УТРЕ!
Да живее Куманово!
Да живее Македонија!“, објави Димитриевски на Фејсбук.






