Мицкоски: Фарсата во Собраниие може да ви помине, но…

„Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ“.



Ова денеска на Фејсбук го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со утрешната собраниска седница на која ќе се гласа за францускиот предлог.

ЦО на СДСМ донесе одлука да се поддржи предлогот, а извесно е дека „за“ ќе гласаат и пратениците на оаа партија како и оние од партиите на Албанците.

Тој и денеска ги повика граѓаните да се придружат на протестот кој се организира десетти ден по ред, против францускиот предлог.  

„Вечер во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание! Ултиматум, НЕ благодарам“, се додава во статусот на Мицкоски на Фејсбук.